Моментот што го реши финалето: Љуљ цел меч немаше поен, а на крајот ја зеде топката во раце (видео)

Серхио Љуљ можеби се наоѓа на залезот на кариерата, но токму големото искуство му овозможи на големиот ас да ја преземе одговорноста кога беше најважно и да го погоди шутот за победа.

Шпанскиот репрезентативец до таа последна минута немаше ниту еден поен зад своето име, промаши еден шут за три и еден за два поени, но тренерот му укажа доверба, а Љуљ возврати со реализација што му ја донесе европската круна на Реал.

Погледнете ја победничката акција на „кралевите“…

 

Се вчитува...