Соединетите американски држави важеа за доминатна сила во кошарката, но овој примат сега и припаѓа на Шпанија. Шпанските тимови и шпанската репрезентација во последните години забележаа неверојатен успех со кој ги споија четири од петте најголеми трофеи во кошарката.
Шпанија е актуелниот шампион на Светот од последното првенство одиграно во Кина во 2019 година, актуелен шампион на Европа од минатогодишниот Евробаскет во Германија, а сега шпанските тимови Реал Мадрид и Гран Канарија се и освојувачи на двата најголеми трофеи во Европа, Евролигата и Еврокупот.
Покрај тоа шпанските младински репрезентации доминираат во своите категории, а и два шпански тимови оваа сезона се најдоа на „фајнл 4“ турнирот во ФИБА Лигата на Шампиони. Единствено Шпанија нема претставник во конференциските финалиња во НБА лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

