Телеком Нец 2 и Младост 96 од Прилеп ќе се борат во финалето за шампионската титула во пингпонг (ФОТО)

Познати се финалистите во плеј-офот кои ќе се борат за шампионска титула во пингпонгарската машка суперлигашка конкуренција.

Во Штип екипата на Телеком Нец 2 во неизвесен и крајно возбудлив натпревар со резултат 4-3 ја победи екипата на Шампиони ФА, и со вкупен резултат од 2-0 се пласира во финалето на лигата.

Во исто време во Берово се одигра натпреварот меѓу Зегин Берово и Младост 96 од Прилеп, каде гостите со резултат 4-1 изборија пласман во финалето.

Термините за финалните натпревари се закажани на 03. јуни во Прилеп, вториот натпревар на 04. јуни во Скопје и евентуален трет натпревар на 10. јуни повторно во Прилеп.

Викендов се играа и бараж натпреварите за пласман во Суперлигата. ППК Младост и ППК Работнички остануваат во Суперлига за следната сезона 2023/24.

Резултати од бараж натпреварите за Суперлига:
Младост – Телеком Нец 4 – 0
Работнички – Астраион 4 -2

Се вчитува...