„Бомба“ од Формула 1: Хамилтон се сели во Ферари за 40 милиони евра

Луис Хамилтон сериозно ја разгледува опцијата на крајот од сезонава да си замине од Мерцедес и да се пресели во таборот на лутиот ривал Ферари. Оваа вест одекна во Ф-1 светот во изминатите 24 часа, нагласувајќи дека иницијативата е покрената од челниците на Ферари, кои нема да жалат пари за да го убедат Хамилтон пред крајот на кариерата да се реши за сензационален трансфер.

За сериозноста на проектот најдобро говори фактот дека е вклучен и претседателот на компанијата Ферари, Џон Елкан, кој стапил директно во контакт со Хамилтон. Италијанскиот тим е подготвен да плати огромни 40 милиони евра за една година (со можност за продолжување на соработката под истите услови) за да го убеди најтрофејниот возач на денешницата да се приклучи на Ферари.

Британецот своите најдобри денови ги мина во Мерцедес, но станува се повеќе исфрустриран што со својот тим не може да атакува на највисок пласман. Ферари има значителен напредок во болидот, а челниците на овој тим се убедени дека со Хамилтон како прв возач би си ги зголемиле шансите конечно да стигнат до титула во Формула 1 шампионатот.

Британскиот возач и моментно заработува 40 милиони евра во Мерцедес, но сериозно ќе размисли за менување на средината доколку експресно не дојде до сериозен напредок во неговиот болид, нешто што е многу тешко да се очекува. А тука на сцена ќе стапи Ферари…

Се вчитува...