Арсенал успеа да задржи уште еден значаен фудбалер во своите редови откако денеска и официјално беше потпишан новиот договор со англискиот репрезентативец Букајо Сака.
Крилниот офанзивец кој важи за „дете на Арсенал“ во изминатите две години одби неколку интересни понуди, за денеска и официјално да потпише договор до 2027 година. Со новиот договор, платата на Сака скокна на 200.000 фунти неделно, со што тој ќе биде најплатен фудбалер на „топчиите“ во наредната натпреварувачка сезона.
„Пресреќен сум. Ова е вистинскиот клуб за мене да продолжам да напредувам во кариерата. Во Арсенал имам се што ми е потребно за да станам најдобар фудбалер што можам да бидам“, изјави 21-годишниот Сака по потписот на новиот договор со „топчиите“.
Лондонскиот клуб на почетокот од годинава потпиша нови договори и со Мартинели и со дефанзивецот Габриел, а минатата седмица на повеќегодишна верност кон Арсенал се обврза и голманот Арон Ремсдејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

