Херта Берлин е веќе второлигаш, откако тимот одигра само 1:1 против Бохум на домашен терен, што беше недоволно за да ги задржи барем минималните шанси за да опстане. Берлинскиот клуб повторно ќе игра во втората лига, и покрај многуте вложувања во изминатите години, меѓутоа очигледно проблемот е некаде на друго место.
Сега во најлошо сценарио, на Херта „ќе им се одбие од глава“ тоа што скапо купуваа играчи, како што беше Кжиштоф Пјонтек кој дојде од Милан. Затоа сега од тимот од Берлин мора да најде 20 милиони евра до 30. јуни, во спротивно тимот може да биде исфрлен во најнизок ранг.
Директорот Томас Херих до 30. јуни ќе мора да докаже дека клубот има намера да биде во плус следната сезона. Најголем проблем е износот од 40 милиони евра кој треба да биде исплатен до ноември.
Германските медиуми пишуваат дека клубот од Берлин одамна е без пари, а неодамна се зборело дали новиот инвеститор може да ги отплати долговите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

