„Златниот“ од Катар е решението на проблемите во нападот на Баерн Минхен

Баерн Минхен сезонава имаше големи проблеми во нападот, откако се одлучи да го продаде Роберт Левандовски на Барселона, а неговата замена Садио Мане имаше проблеми со соиграчите и со вклопувањето во тимот од Минхен. Токму од тука напаѓачката позиција ќе биде една од приоритетите во летниот преоден рок.

За нападот се споменуваа неколку имиња меѓу кои Душан Влаховиќ, Рандал Коло Муани, Лаутаро Мартинез, но најреална опција е се чини аргентинскиот репрезентативец Хулиан Алварез кој во моментов е дел од Манчестер Сити.

Алварез е во моментов „сенка“ на гол-машината Ерлинг Халанд во Сити, па довивањето на поголема минутажа може ќе го натера да се пресели во Минхен, каде сигурно ќе ја добива шансата после очајната сезона. Играчот на Сити пред некое време го продолжи договорот со „граѓаните“ до 2028 година, но со соодветно обесштетување може да дојде до негова преселба во Бундеслигата.

Се вчитува...