Роналдо: Лигата во С. Арабија ќе биде во Топ 5 во светот

Кристијано Роналдо, и покрај постојаните шпекулации дека наскоро би можел да ја напушти Саудиска Арабија, нагласува дека е задоволен и среќен од тоа што секојдневно го доживува и гледа во овој шампионат.

Роналдо дури е убеден дека за некоја година лигата во Саудиска Арабија ќе биде една од најдобрите пет во светот.

„Лигата во Саудиска Арабија е се посилна и посилна во континуитет. Следната година ќе биде уште подобра, а сигурен сум дека полека наскоро ќе биде една од петте најдобри лиги на светот. Секако потребно е време, играчи, инфраструктура. Сепак, верувам дека оваа земја има неверојатен потенцијал, неверојатни луѓе. Лигата ќе биде навистина една од најдобрите“ – вели Роналдо.

Португалецот вчера го постигна клучниот гол за Ал Наср во победата над Ал Шабаб со која неговиот тим остана во игра за титулата. Роналдо досега во 15 одиграни натпревари во Саудиска Арабија има учинок од 14 гола и две асистенции.

Се вчитува...