Ѓорческа одлична и во двојки на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по победата во сингл конкуренција на турнирот во словенечкиот Оточец, денеска одлично го отвори и настапот во двојки.

Таа во воведното коло во игра на двојки со својата партнерка Деа Херџелаш од Босна и Херцеговина, славеше против шпанската двојка Мањон-Маристани со 2-1 по сетови 6-1, 6-7 и 10-3.

Во второто коло Ѓорческа и Херџелаш ќе се соочат со чешко-словачката комбинација Хиндова-Фалкнер.

Се вчитува...