Хајдук победи против Шибеник со головите на Мелњак и Ливаја и втора година по ред стигна до трофејот во Купот на Хрватска. Во текот на натпреварот имаше провокации од двете навивачки групи, а тие продолжија и по неговото завршување.
Во еден момент од прославата напаѓачот на Хајдук, Марко Ливаја го презеде мегафонот и отпеа песна која „Торцида“ ја смисли специјално за навивачите на Шибеник и ја пее со години.
„Мелничари, трактори и селски патишта, шибенски п*чки, шибенски п*чки, ќе добиете ќотек“, пееше Ливаја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА