Брајтон и Манчестер сити одиграа без победник 1-1 во заостанатиот натпревар од 32. коло во англиската Премиер-лига.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Фил Фоуден во 25. минута. Конечните 1-1 беа дело на Енкизо кој постигна неверојатен погодок во 38. минута.
Интересно од овој натпревар е тоа што со ВАР беа поништени дури три погодоци, од кои два на домаќинот и еден на гостинскиот клуб.
Со ова реми фудбалерите на Брајтон успеаја да стигнат до најголемиот успех во историјата на клубот, бидејќи следната сезона ќе ја претставуваат Англија во Лигата на Европа.
[deleted by user]
by insoccer
[deleted by user]
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

