Иниеста заминува од Јапонија, но се уште ќе игра фудбал

Еден од најдобрите фудбалери во 21. век Андрес Иниеста објави дека заминува од јапонски Висел Кобе, но се уште нема да ја заврши богатата кариера.

40-годишникот заминува од јапонскиот тим поради слабата минутажа која ја има, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи или во МЛС лигата или во Саудиска Арабија.

„Мислам дека сите сакаа да ја завршам кариерата во Јапонија, но јас имам други планови. Заминувам поради недостаток на минутажа и фактот дека тренерот има други приоритети. Тоа го почитувам и затоа ќе си заминам“, кажа Иниеста.

Поранешниот фудбалер на Барселона за екипата од Јапонија одигра 133 меча на кои постигна 26 гола.

Се вчитува...