Лионел Меси речиси сигурно ќе го напушти ПСЖ летово откако ќе му истече договорот, а интерес за неговите услуги покрај Барселона и Ал-Хилал покажа уште еден европски великан.
Лионел Меси е желба на американскиот бизнисмен Тод Боли во Челси, пренесуваат англиските медиуми. Тој се надева дека Аргентинецот ќе биде одлично засилување за тимот и ќе успее да го врати Челси на врвот во Премиер-лигата следната сезона.
Единствен проблем за Челси е тоа што Меси доколку остане во Европа, сака да игра во клуб кој ќе биде дел од Лигата на шампионите, а тимот од Лондон по катастрофалната сезона тоа нема да биде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА