Медиумите во Европа пишуваа дека Ф1 возачот Луис Хамилтон за 40 милиони евра следната сезона ќе вози за Ферари. Меѓутоа самиот пилот ја демантираше информацијата.
Директорот на Ферари, Фредерик Васер веќе ја негираше приказната околу понудата, а сега и самиот Хамилтон го повтори истиот став.
„Мислам дека е нормално да има шпекулации кога се нема решено прашањето околу договорот, и доколку не го слушнете од мене директно, тогаш е тоа што е. Мојот тим преговара со Тото Волф и веќе некое време сме блиску до договор. Фокусиран сум на својата работа, имам тим на луѓе кои го одработува тој дел, и поради тоа сум во подобра позиција отколку порано, затоа што е многу стресно кога преговорите ги водам сам, и драго ми е што не морам веќе да ги водам сам“, рече Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА