Покрај ракометарите на Мулти Есенс, следната сезона во ракометната Супер Лига ќе игра и ракометниот клуб Аеродром. Аеродромци во последното коло го совладаа составот на Македонија ЃП, и ставија „печат“ на пласманот во „елитата“.
Вториот обид на ракометарите на Аеродром да се пласираат во елитното друштво беше успешен, откако лани загубија на пенали во баражот против Скопје.
Аеродромци сезонава се второпласирани на табеалта со 41 поен, а нивниот ривал Драчево има 37 бода, и натрпревар помалку. Драчевци преку бараж ќе може да го обезбедат пласманот во „елитата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА