Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски сосема извесно заминува од Удинезе на крајот од сезоната, по четири години минати во редовите на калчолигашот од Удине.
Според италијанските медиуми, Несторовски и натаму останува на Апенините ако се суди по понудитр кои стигнуваат на негова адреса како можност за продолжување на кариерата.
Не е никаква тајна дека поранешниот негов клуб, сега второлигаш, Палермо посакува повторно да го врати во своите редови, но според Италијанците има интерес и од Парма која сака ангажман на македонскиот напаѓач. И двата клуба најавуваат амбиции за влез во Серија А во следната сезона.
Несторовски се стекна со сериозен респект меѓу клубовите од Италија по одличните настапи за Палермо каде остави силна трага, а каде пристгна по извонредните сезони во Интер Запрешиќ во хрватскиот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА