Дека не е се баш во парите и во светот на фудбалот, потврда е Зинедин Зидан кој одбил неверојатна сума од 150 милиони евра за да ја преземе клупата на Ал Наср во Саудиска Арабија, во чии редови настапува Кристијано Роналдо.
Како што пренесува „Футмеркато“, Зидан добил понуда за двегодишен договор од Ал Наср за сума од 150 милиони со што би бил најплатениот тренер на светот. Но, Французинот без размислување ја одбил понудата.
Зидан претходно во два наврати го водеше Реал Мадрид а од 2021 година е без работа, и покрај тоа што се поврзуваше со селекторската функција во Франција, но и клупите на ПСЖ, на Реал Мадрид и на Јувентус во последниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

