Милнер доби генијален подарок за збогум од „Енфилд“ каков не можеше да замисли (ВИДЕО)

Џејмс Милнер на крајот од сезонава, по осум години, го напушта Ливерпул, за што доби најдобар подарок за збогум од лицата кои го одржуваат теренот на „Енфилд роуд“.

Тие на Милнер му подарија дел од тревникот на „Енфилд“ и тоа оној за него посебен – делот од точката за пенал, со оглед на тоа што долго беше главниот изведувач на најстрогата казна за „црвените“.

„За Џејмс, по осум години уништување на нашите точки за пенал. Време е сега да водиш грижа за една до крајот на животот. Многу среќа во иднина“ – му порачаа на Милнер вработените на „Енфилд“ со подарен бусен од земјата на теренот на стадионот во Ливерпул.

Милнер за Ливерпул одигра 330 натпревари, постигнувајќи 26 гола со 45 асистенции, освојувајќи и шест трофеи, вклучително и оној од Лигата на шампионите.

Се вчитува...