Повеќемина македонски репрезентативци во летниот преоден рок ќе имаат нови клубови. Тоа ќе биде голем проблем и за селекторот Благоја Милевски, со оглед дека имаше проблеми и во штотуку завршената сезона со формата на играчите, посебно во нивните клубови.
Така нови клубови сигурно од идната сезона ќе имаат Енис Фазлагиќ и Бобан Николов. Тимот на Дунајска Стреда објави дека нема да го откупи договорот на Фазлагиќ, и дека ќе го врати на Висла, која ќе одлучува за иднина на играчот од средниот ред. Тој мина една сезона во тимот од Словачка, но не ги оправда очекувањата, и се враќа во Полска.
Бобан Николов, пак, поради несогласувањата со раководството на ФЦСБ, си заминува од овој клуб. Николов не добиваше минутажа во романскиот тим, иако стигна како големо засилување. Имаше во јануари во романските медиуми дека се скарал со стручниот штаб и со раководството, па во последните пет минути беше „замрзнат“ од страна на клубот, и не настапуваше, па логично е да си бара нова средина. Според романските медиуми, еден унгарски тим е заинтересиран да го врати во унгарското првенство играчот од средниот ред, кој поради проблемите со Романците го загуби и местото во националниот тим.
Нов клуб летово се очекува да имаат и Висар Муслиу, потоа Дарко Велковски, Езџјан Алиоски, Енис Барди, а можеби и Дарко Чурлинов и Илија Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА