Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел зборуваше за последното коло во кое Борусија Дортмунд може да ја освои титулата во Германија, само ако го совлада тимот на Мајнц на домашен терен. Се очекува полн стадион во Дортмунд каде уште од сега е почнато славјето и крајот на доминацијата на Баерн која трае 11 години.
Меѓутоа Тухел вели дека сешто може да се случи на било кој натпревар, и затоа, како што вели, треба да се оди до крај се додека има надеж.
„Ситуацијата е многу јасна. Мораме ние да го добиеме натпреварот и потоа да видиме што ќе се случува во Дортмунд. Да победиме и да чекаме помош: црвен картон, пенал… Тоа може да се случи и на наш, и на друг натпревар. Што и да се случи, сезоната нема да биде задоволителна, но одиме до крај. Јас сум 100% одговорен, и не бегам од таа одговорност“, рече Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

