Андреј Ричков ги оперираше лигаментите

Фудбалерот на Силекс, Андреј Ричков успешно е опериран денеска на лигаментите на коленото. Дефанзивецот на кратовскиот тим добро играше оваа сезона, но имаше несреќа да се повреди, и сега ќе следува период на шестмесечна рехабилитација, за кога се очекува Ричков да се врати на терените.

Тој по операцијата се чувствува добро, а сега следува пауза, а потоа и полека враќање во тренажен процес, и се очекува некаде кон крајот на есенскиот дел да се врати на терените.

„Играв добро оваа сезона, но за жал доживеав повреда на лигаментите. Операцијата мина добро и добро се чувствувам. Сега пауза, а потоа да се подготвувам за враќање на терените. Ќе се вратам уште посилен“, изјави Ричков.

Силекс сезоната ја заврши на четвртото место, и се надеваше дека Струга ТЛ ќе го освои Купот, за тимот да игра во Лигата на Конференции. Но, кратовскиот тим нема да игра во Европа, после победата на Македонија ЃП и освоениот Куп пехар.

Се вчитува...