„Во Барселона се чувствував како да бев осуден на четири години затвор“

Поранешниот фудбалер на Барселона, Самуел Умтити откри тешки детали од својот престој во каталонскиот тим. На „Ноу Камп“ тој помина четири години кои лично ги смета како затворска казна.

Французинот се уште е под подговор со Барселона, но настапува како позајмен играч во Лече. Тој вели дека во Барселона не бил прифатен, а единствено што сакал е да го почитуваат.

„Во Барселона поминав четири години во затвор, а единствено нешто што сакав е да бидам почитувам и прифатен. Тоа се случи само на почетокот кога пристигнав од Лион во Шпанија и играв на врвно ниво. Потоа чувствував како луѓето да не ми веруваат и поради тоа се чувствував лошо. Не знам дали стануваше збор за депресија, но беше комплицирано на сите нивоа. Затворав се во себе, одбивав да бидам во присуство на луѓе. Имав периоди кога не сакав да излезам од дома. Пријатели ме советуваа да излезам од дома и да ги разбистрам мислите, но јас сакав само да бидам сам“, открива Умтити.

Се вчитува...