Еден од најдобрите македонски ракометари Филип Талески викендов ќе го одигра последниот натпревар во дресот на најтрофејниот македонски клуб Вардар.
Мечот против Алкалоид кој директно ќе одлучува за второто место во Суперлигата ќе биде последен за одличниот бек во „црвено-црниот“ дрес. Неколку тимови се споменуваа како следна дестинација за македонскиот ракометар, а во пол-позиција за неговиот потпис е португалската Бенфика.
Од Вардар по утрешниот меч си заминува и Бразилецот Дутра кој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија во екипата на Ал-Худа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА