Бутел се збогуваше од тренерот Грчевски и од пет ракометари

Натпреварот против Охрид од 14. коло во суперлигашкиот плеј-оф е последен за петмина ракометари во дресот на Бутел Скопје, како и за тренерот Кристијан Грчевски.

Својот последен натпревар во скопскиот клуб го играат голманот Филип Ивановски, левото крило Мирко Мајиќ, пивотот Владимир Јевтиќ, како и левите бекови Мартин Манасков и Јовица Младеновски.

Се вчитува...