Ракометарите на Бутел со победа над Охрид на домашен терен од 24-17 ја затворија оваа сезона во Суперлигата на Македонија.
Домаќините подобро го отворија натпреварот. Одиграа одлично во одбраната во првото полувреме во кое на противникот му дозволија едноцифрен број на погодоци, а на пауза заминаа со позитива од три гола 12-9.
Бутелчани фуриозно го отворија и второто полувреме. Играа неверојатно и во одбрана и во напад, а на десет минути до крајот имаа и огромни плус седум (19-12). До крајот избраниците на Грчевски ја задржаа предноста за конечен триумф од 24-17. Мајиќ и Давитковски со по шест гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените пет постигна Деан Шешиќ.
На овој натпревар скопскиот клуб се збогуваше од својот тренер Кристијан Грчевски како и од пет ракометари Филип Ивановски, Мирко Мајиќ, Владимир Јевтиќ, Мартин Манасков и Јовица Младеновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА