Реал Мадрид без двајцата најдобри играчи на мегдан со Севилја

Реал Мадрид ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување во Севилја откако беше обелоденето дека Карло Анчелоти нема да може да смета на двајцата најдобри фудбалери во тимот, напаѓачите Винисиус и Карим Бензема.

Винисиус не беше казнет за црвениот картон во Валенсија, но Бразилецот се жали на болка во коленото и ќе пропушти и втор меч во низа. Бензема пак заработи негодна повреда на последниот натпревар во Рајо Валјекано и дефинитивно нема да патува со остатокот од тимот во Севилја.

Анчелоти ќе има сериозни проблеми да ја состави навалната линија ако се знае дека повредени се и Марко Асенсио и Маријано Дијаз, па италијанскиот стратег ќе биде принуден да му даде нова шанса на Еден Азар, Белгиецот кој е најплатен фудбалер на Реал Мадрид сезонава, но редовно разочарува кога и да се појави на теренот во дресот на „кралевите“.

Се вчитува...