Халанд: Да не бев фудбалер ќе бев заварувач или фармер

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Ерлинг Халанд со специфичен одговор на прашањето што би бил доколку не беше фудбалери.

Членот на Манчестер сити уште еднаш покажа дека е растен во крајна скромност, воспитуван да ги почитува сите луѓе и професии до максимум.

„Што би бил да не бев фудбалер? Веројатно заварувач или би работел на фарма. Тоа се тие професии кои како мал ги следев во моето опкружување“ – вели Халанд.

Иако неговото семејство е и тоа како врзано за спортот поради неговиот татко кој исто така бил фудбалери, јасно е дека тие ги воспитувале своите деца да бидат скромни и цврсто на земја. Халанд и сега кога е во Манчестер сити не си дозволува себе си да ги слави парите и да влијаат на промена на неговиот карактер, и покрај тоа што со само 22 години веќе има цели богатства.

Се вчитува...