Победи на Интер, РБ Лајпциг и Рен – најголеми квоти на свет во Mozzart!

Сабота е идеален ден за одмор, но и за фудбал, посебно затоа што следат возбудувања во најквалитетните лиги во Европа и тоа во рамки на последните кола. Букмејкерите на Mozzart затоа ти приредија три изненадувања – квоти кои во секое време ќе бидат најголеми на светот и може да ти донесат добра заработка. Се работи за победи на Интер, РБ Лајпциг и Рен во шампионатите во Италија, Германија и Франција.

Интер – Аталанта (сабота, 20:45), кец 1,95

Интер во првенството не успеа да ги оправда надежите на управата и навивачите. Тимот на Симоне Инзаги важеше за еден од главните претенденти за скудетото, но не учествуваше целосно во шампионската трка. Виновен е катастрофалниот старт во првиот дел на сезоната, во кој „нераѕурите“ загубија многу бодови. Сепак, во Лигата на шампионите, Интер се покажа во најдобро светло и ќе игра финале против Манчестер Сити. Аталанта целеше на билет за Лигата на шампионите, но далеку е од целта. Стартот на Божицата од провинцијата беше повеќе од солиден, но веќе по првиот дел влезе во сериозна криза која го турна клубот далеку од првите четири. Сепак, второто одземање на бодови од Јувентус во сезоната им остава шанса на играчите од Бергамо да го заземат четвртото место. Аталанта моментално е петта во пласманот и со три бода помалку од четвртопласираниот Милан. Во последното коло Божицата успеа да ја победи Верона на домашен терен со 3-1.

РБ Лајпциг – Шалке (сабота, 15:30), кец 1,65

На крајот од сезоната, РБ Лајпциг игра  во одлична форма и запиша пет победи во низа во сите натпреварувања. Фрајбург беше поразен (5-1) во полуфиналето на националниот куп и во првенството (1-0), а се триумфираше и над Хофенхајм (1-0), Вердер Бремен (2-1) и Баерн (3-1), а мечот со Баварците се одигра во Минхен. Биковите ќе ја завршат сезоната дефинитивно на третото место и прашање е колку стручниот штаб ќе ги форсира најсилните адути, особено пред финалето на националниот куп. Шалке оваа сезона се врати во Бундеслигата и постои голема веројатност да не опстане. Младиот тим се уште не е подготвен да игра со толку голема брзина како врвните германски клубови. Сепак, гостите се уште имаат шанса да го задржат местото во лигата, бидејќи се на бод од безбедното место.

Рен – Монако (сабота, 21:00), кец 2,15

Рен до последното коло ќе се бори за место во Конференциската лига. Сега со 62 бода е на шестото место, а разликата меѓу црвено-црните и Лил од петтата позиција е само еден бод. Четвртопласираниот Монако има три бода повеќе од момците на Бруно Џенези. Така, со соодветни околности, Рен може дури и да се искачи во првите четири. Во повеќето од последните натпревари Рен победуваше, но неколку пати и губеше бодови – како на пример 0-1 со Монпеље и 1-2 со Ница. Монако игра многу слабо во последниот дел од сезоната. Засега се уште е на четвртото место, но сигурно нема да влезат во Лигата на шампионите бидејќи заостануваат осум бода зад третиот ривал. Кнезовите во пет кола остварија само една победа – 2:1 со Анжер. На другите средби црвено-белите загубија три пати, а еднаш ремизираа.

  • Напомена: Квотите се подложни на промени, ама во Mozzart во секој момент ќе бидат најголемите на светот

Се вчитува...