Садио Мане воопшто не се прослави во својата прва сезона во дресот на Баерн Минхен. Сенегалецот константно создавеше проблеми во тимот, а „чашата ја прели“ со физичкиот напад на соиграчот Лирој Сане.
Токму поради тоа бројни германски медиуми објавија дека раководството на Баерн веќе одлучило Мане да биде на трансфер листата ова лето, а и новиот тренер Томас Тухел нема ништо против тоа.
Но, Мане нема намера да си замине од клубот. Тој донел одлука да остане во клубот а таа своја намера ја соопштил неодамна и пред раководството на Баерн.
Мане истакнал дека ја согледал целата ситуација, и верува дека раководството ќе ја промени првичната одлука да го стави на трансфер листа. Тој е цврсто решен да остане во Минхен, без разлика на се, и без разлика на интересот за него од страна на Челси и Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

