Шкупи стартува на 31. мај, подготовките за Конференциската лига во Охрид па во Болу

Фудбалерите на Шкупи подготовките за новата сезона ќе ги стартуваат на 31. мај. Првата прозивка на стручниот штаб ќе биде на својот стадион во Чаир каде ќе се работи во следните четири дена.

Екипата на 5. јуни заминува во Охрид каде ќе ја започне првата, посериозна фаза од подготовките. Престојот покрај Охридското езеро ќе биде до 12. јуни, а потоа екипата ќе остане уште два дена во Скопје, за на 16. јуни да замине на тренинг-кампот во Турција, поточно Болу, каде до 30. јуни ќе бидат финалните подготовки за настапот во УЕФА Конференциската лига.

Во овој период, покрај физичката и тактичката подготовка, договорено е одигрување и неколку контролни натпревари.

Од Шкупи најавуваат и засилување на тимот со неколку квалитетни фудбалери пред европските настапи.

Се вчитува...