Шокантен почеток за Борусија Дортмунд и за фановите на жолто-црниот тим во последното коло од Бундеслигата, во кое тимот од Дортмунд со триумф против Мајнц треба по цели 11 години да прослави титула.
Мајнц крајно изненадувачки на преполниот „Сигнал Идуна Парк“, или легендарниот „Вестфален“, има водство од 0-2 по само 25 минути игра.
Мајнц поведе со голот на Ханке-Олсен во 15. минута, а Борусија во 19. минута не реализираше и удар од белата точка преку Халер.
Затоа, пак, за да биде шокот зголемен Онисиво во 24. минута погоди за гостите за 0-2.
Баерн Минхен во моментов има водство од 0-1 на гостувањето против Келн, и при вакви резултати баварскиот тим ќе биде тој кој повторно ќе ја освои шампионската титула во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

