Баерн Минхен на неверојатен начин со драма каква само германскиот фудбал може да понуди дојде до 11-та титула по ред во Бундеслигата, благодарение на триумфот од 1-2 против Келн и киксот на Борусија Дортмунд на домашен терен против Мајнц.
А, Хасан Салихамиџиќ не можеше да ја сокрие радоста по голот на Мусиала во 89. минута за триумф на баварскиот тим.
Но, славјето на Салихамиџиќ кратко траеше, затоа што, како што тврди „Билд“, веднаш во соблекувалната било обелоденето пред играчите дека Салихамиџиќ добива отказ на позицијата спортски директор.
Заедно со Салихамиџиќ сменет е и Оливер Кан кој не беше денеска ниту на трибините во Келн, наводно затоа што веќе од претходно дознал дека на него повеќе нема да се смета во иднина и дека ќе мора да го напушти клубот.
Следен директор на Баерн Минхен ќе биде Јан Кристијан Дрисен, а во Минхен набрзо ќе има состанок на кој ќе бидат потврдени официјално големите промени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

