Фантастична е атмосферата попладнево во „Боро Чурлевски“ во Битола, каде навивачите на Пелистер го слават големиот успех – шампионската титула во ракометното првенство што битолчани ја чекаа цели 18 години.
Раководството на Еурофарм Пелистер организира спектакл, па така пред денешниот меч со Тиквеш на теренот излегоа членовите на последната шампионска генерација, предводени од Пепи Манасков, Димовски, Алушовски, заедно со сегашниот тренерски тандем Јовиќ – Шундовски, кој и пред 18 години славеше титула во Битола.
Противникот пак се покажа дека е екипа со стил, па така ракометарите на Тиквеш при излегувањето на теренот со шпалир ги поздравија новите шампиони, додека „пелистерци“ поздравени од трибините обоени во зелено излегуваа на теренот во битолскиот спортски храм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА