Како фудбалерите на Баерн ја дочекаа информацијата од Дортмунд: Гушнати на центар, па… (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше денеска во последното коло од германската Бундеслига по кое Баерн Минхен дојде до својата 33-та титула во историјата, 11-та по ред.

Баварците триумфираа со 1-2 на гостувањето против Келн, но откако нивниот дуел заврши повеќе од една минута беа во очекување на резултатот од Дортмунд каде Борусија не смееше да победи против Мајнц.

Фудбалерите на Баерн Минхен гушнати на центарот од теренот во Келн ја чекаа информацијата од резултатот во Дортмунд. А, кого заврши мечот меѓу Борусија и Мајнц огромна радост меѓу играчите од баварскиот тим кои веднаш со спринт се упатија кон трибината со своите навивачи…

Се вчитува...