Траорни сцени во Дортмунд: Навивачи без збор, фудбалери во шок, расплакан град… (ВИДЕО)

Траорни сцени на легендарниот „Вестфален“ во Дортмунд откако Борусија само по своја вина, ремизирајќи 2-2 со Мајнц, не успеа со победа да дојде до титулата во Бундеслигата која ја чека цели 11 години.

По последниот свиреж на судијата, навивачите останаа долго време без збор на трибините, солзи меѓу фудбалерите на терен и шок кај членовите на раководството на тимот.

Останаа расплакани и сите оние навивачи пред стадионот кои не успеаја да дојдат до билет за влез на натпреварот, но го чекаа крајот за прослава на титулата која се подготвуваше во градот.

Но, и градоначалникот на Дортмунд мораше да ја откаже прославата која ја подготвуваше за 200.000 народ, подготвувајќи панорамски автобус во кој се очекуваше низ градот да минат фудбалерите.

Се вчитува...