Салихамиџиќ: Ќе беше убаво да останам, но доброто на Баерн е над се…

Хасан Салихамиџиќ не можеше максимално да ја прослави шампионската титула на Баерн Минхен бидејќи само неколку минути подоцна следеше информацијата дека добил отказ од функцијата спортски директор на баварскиот гигант.

Тој ја плати цената заедно со првиот директор Оливер Кан, при што на двајцата им беше прекината соработката по серијата погрешни потези што ги носеа во изминатиот период.

„Ова беше прекрасна авантура. Секако дека сакав да продолжам, ќе беше убаво да останам, но јас разбирам одлуката на бордот на директор. Доброто на Баерн е над се и му посакувам се најдобро на тимот во иднина. Горд сум што имав обврска да го водам спортскиот дел во Баерн Минхен речиси шест години. Сакам да им се заблагодарам на сите играчи, тренери и на целиот персонал во клубот со кои соработував во овој период“, истакна Салихамиџиќ.

Се вчитува...