Уште долго во таборот на Борусија Дортмунд ќе владее разочарување по вчерашниот шокантен исход од трката за титулата, кога со ремито на домашен терен со Мајнц „милионерите“ останаа без трофејот што го сонуваа повеќе од една деценија.
Тренерот Един Терзиќ по мечот застана пред трибината со најверните навивачи за да им се извини за големото разочарување, а потоа во солзи даде изјава за новинарите.
„Ова не е фер. Навистина ја сакавме титулата, сите ние, целиот стадион, целиот град сонуваше за овој трофеј. Работевме толку напорно за да стигнеме до овде, имаме голема прилика и не ја искористивме. Ова е с..ње. Кога ќе ги видите момците како лежат на земја, како седат во соблекувалната, кога ќе ја забележите празнината во секој од нив. Навистина не е фер“, изјави Терзиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

