Еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат Арби Воша е пред официјална промоција во дресот на Шкупи.
Како што дознава ЕКИПА, се е договорено меѓу двете страни па се очекува само официјалното претставување на Воша во чаирскиот прволигаш кого ова лето го очекува настапот во УЕФА Конференциската лига.
21-годишниот Воша денеска официјално се раздели со „лавовите“. Потекнува од школата на Македонија ЃП, каде играше во последните пет сезони во првиот тим, и на 113 натпревари постигна пет голови. Беше еден од најзаслужните за успесите на „лавовите“ и за освоените два пехари во Купот, а сега е пред нов предизвик во редовите на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА