Фудбалерите на Лутон ќе играат во Премиерлигата следната сезона откако во финалето од плејофот во Чемпионшип славеа по изведувањето на пеналите против Ковентри на „Вембли“.
Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник (1-1), а истиот резултат остана и по продолженијата.
Лутон поведе со голот на Кларк во 23. минута, но Ковентри израмни со погодокот на Хамер во 66. минута од средбата.
За да биде драмата до крај, се погрижија играчите на двата тима и со максималната прецизност во пенал-серијата. Па, Лутон до победата стигна со триумф од 6-5 по пеналите.
Со тоа, Лутон си дојде и до заработка од околу 200 милиони евра за местото во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

