Галтие: Заслужувам да останам тренер на ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, не ја криеше радоста по освоениот трофеј во француското првенство што „светците“ го осигураа на едно коло до крајот. Иако беше критикуван во изминатиот период, Галтие успеа да го доведе тимот до шампионската титула, но прашање е дали тоа ќе биде доволно за да се избегне отказ.

„Светците“ вообичаено атакуваат на трофејот во ЛШ што ниту овој стратег не успеа да им го донесе, а освојувањето на домашното првенство не е од преголемо значење за претседателот Ал Келаифи.

Веќе извесно време се шпекулира дека Зидан или Мурињо ќе пристигнат на „Паркот на принцовите“, но Галтие во изјавата по синоќешниот дуел со Стразбур јасно стави до знаење дека заслужил да остане на клупата на францускиот гигант.

„Мислам дека заслужувам да останам, заслужува втора сезона на клупата на ПСЖ. Потрошив многу енергија, успеав да го задржам победничкиот курс на движење дури и во најтешките моменти. Мое лично мислење е дека заслужувам да останам. Пак сме шампиони, би била катастрофа ако не ја одбраневме титулата, но ние го сторивме тоа што требаше, луѓето треба да знаат дека француската лига е силна и не е нималку лесно да се стигне до трофејот. Имавме одредени кризни периоди во вториот дел од сезоната, но истите ќе бидат детално анализирани“, изјави Галтие.

Се вчитува...