Лео Меси го постигна единствениот гол за ПСЖ на гостувањето против Стразбур, што беше доволно за реми и освојување на нова шампионска титула на „светците“ од Париз.
Овој гол сепак ќе остане запаметен по тоа што со него Меси успеа да урне уште еден рекорд на Кристијано Роналдо, па Аргентинецот сега е осамен на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Топ 5 лигите во Европа. Кристијано имаше постигнато 495 погодоци како член на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, но голот што Меси го постигна во Стразбур беше вкупно 496. за Аргентинецот, кој сега е осамен на врвот на оваа листа.
Воедно, аргентинскиот генијалец стигна до 43. освоен пехар во кариерата, со што се израмни со Дани Алвеш како најтрофеен фубалер во историјата.
496 – Goals in the history of the Top five European leagues:
🥇Lionel Messi – 496🆕
🥈Cristiano Ronaldo – 495
🥉Jimmy Greaves – 366
Legend. #RCSAPSG pic.twitter.com/gkERYDuTNv
— OptaJean (@OptaJean) May 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

