Камерите забележаа и караница меѓу Салихамиџиќ и претседателот на Баерн среде терен по прославата на трофејот (ВИДЕО)

Баерн Минхен на драматичен начин ја освои 11-та титула по ред во Бундеслигата. Но, без сомнение, сето тоа нема во блиските денови да донесе конечен мир во редовите на баварскиот тим посебно ако се знае дека веднаш по трофејот клубот им врачи отказ на директорите Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. А, добар дел од играчите на тимот не се согласуваат со таа одлука.

Камерите за време на вчерашната прослава на титулата во Келн забележаа и караница на терен меѓу Салихамиџиќ и претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Германските медиуми веруваат дека тоа е моментот кога Салихамиџиќ дефинитивно дознал дека ќе мора да го напушти клубот. Босанецот разговара со Хајнер но е видно вознемирен, разочаран и со гестикулации разговарајќи со првиот човек на Баерн.

Салихамиџиќ, за разлика од Оливер Кан кој воопшто не беше во Келн, вчера ја прослави титулата на Баерн од срце се радуваше на истата а потоа им се заблагодари на сите истакнувајќи дека е горд што шест години ја извршуваше таа важна функција во голем клуб како Баерн.

Се вчитува...