Јувентус го бара Салихамиџиќ за нов директор!

Хасан Салихамиџиќ доби отказ од директорската функција во Баерн, но лесно би можел експресно да најде нов ангажман откако Јувентус искажа заинтересираност да го доведе Босанецот на чело на спортскиот дел од клубот.

„Старата дама“ како што е добро познато врши коренити промени во клубот по суспензиите на Ањели, Недвед и на останатите директори. Досега како прва опција за нов директор беше споменуван Џунтоли од Наполи, но Де Лаурентис бара висока отштета за него. Заминувањето на Салихамиџиќ отвори уште една сериозна опција за „старата дама“, особено што и според германските медиуми директорот носи само мал дел од вината за кризата во Баерн, за што главен виновник според сите е Оливер Кан.

„Црно-белите“ се подготвени да му дадат плата од над еден милион евра и слобода во одлучување на трансферите, но на Салихамиџиќ веднаш му било ставено до знаење дека поради неиграњето во ЛШ ќе располага со значително понизок буџет за нови засилувања.

Се очекува директен состанок во наредните денови, по што Хасан ќе донесе одлука дали веднаш да прифати нов предизвик или да земе одмор по бурната сезона што ја имаше во Баерн.

Се вчитува...