Фудбалер синоним за титула: Коман пак стигна до шампионски трофеј

Веќе не е никаква тајна, ако сакате шампионска титула, земете го во своите редови Кингсли Коман, кој од самиот почеток на професионална кариера секоја година стигнува до шампионскиот трофеј, без разлика за кој клуб настапува.

Неверојатната серија на Коман почна во сезоната 2012/13, кога тој како тинејџер влезе во првиот тим на ПСЖ и веднаш се закити со шампионскиот трофеј. Следната година тој повторно беше првак на Франција, по што се пресели во Јувентус, каде во 2015 година го крена шампионското скудето.

Тој мина само една година во дресот на „старата дама“, заминувајќи во Баерн каде вчера ја прослави и осмата титула во низа. За задоволството да биде комплетно, Коман беше стрелец на еден од двата гола на гостувањето во Келн, со кои баварскиот гигант стигна до шампионскиот трофеј користејќи го големиот „кикс“ на Борусија Дортмунд.

За потсетување, токму Коман беше стрелец на победничкиот гол што му ја донесе на Баерн и последната титула во Лигата на Шампионите, во триумфот од 1-0 над неговиот поранешен тим ПСЖ во финалето во 2020 година.

Се вчитува...