Тен Хаг е оптимист: Рашфорд ќе постигне 40 гола за Манчестер јунајтед следната сезона

Ерик тен Хаг во првата сезона успеа да го врати Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, но на холандскиот стратег му е јасно дека навивачите на гигантот од „Олд Трафорд“ очекуваат набрзо тимот да се бори за трофеи, наместо за трето и четврто место пред крајот на сезоната.

Многу работи дефинитивно ќе зависат од Маркус Рашфорд, големиот ас кој сезонава има 30 гола и 11 асистенции севкупно во сите натпреварувања, а Тен Хаг е убеден дека англискиот репрезентативец догодина ќе има уште подобри бројки зад своето име.

„Кога го гледате Рашфорд, тој имаше извонредна сезона, но јас забележувам и голем простор за напредок, така што сум убеден дека во следната сезона ќе има уште повеќе постигнати голови. Погледнете ги последните десетина натпревари, во кои постигна два-три погодоци… Секако дека сум среќен од неговата форма, само сетете се на нивото на кое беше лани и начинот на кој играше сезонава. Напредокот е огромен, но јас знам дека тој може да биде уште подобар. Рашфорд е способен да постигне 40 гола во една сезона, тоа е следниот чекор во неговата кариера“, изјави стратегот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...