Јувентус ќе биде дополнително ослабен за вечерашниот дерби дуел со Милан откако Душан Влаховиќ ја загуби трката со времето и нема да биде ниту на клупата за резерви на овој натпревар.
Српскиот интернационалец го истегна мускулот пред неколку дена, лекарскиот тим се обиде да го оспособи за настап, но тој не ги мина последните тестови, по што воопшто не се најде на списокот на играчи за дуелот со „росонерите“. Тренерот Алегри нема да може да смета ниту на повредените Фаџоли, Погба и Бонучи, како и на младиот Суле, кој се наоѓа со младинската репрезентација на Аргентина. Добра вест за Алегри е што по одлежаната суспензија се враќаат Данило и Квадрадо.
Јувентус мора да брка победа на овој натпревар, а според најавите Алегри ќе се реши за формација со Кеан како најистурен во нападот, помогнат од Киеза и од Ди Марија.
Милан со реми на вечерашното дерби би го осигурал четвртото место на табелата кое води во Лигата на Шампионите наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА