Наполи набрзина стигна до предност од 0-1 на гостувањето против Болоња по погодокот што го постигна Виктор Осимен. Ова беше најлесниот гол на Осимен сезонава, откако доби неверојатен подарок од домашниот голман, кој му ја даде топката во нозе, па нигерискиот ас немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
Елиф Елмас на овој натпревар не се наоѓа меѓу стартерите на Наполи, но се очекува македонскиот репрезентативец да влезе во игра во второто полувреме од оваа средба.
Огромната грешка на голманот Скорупски и голот на Осимен можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

