Холандскиот шампионат и официјално заврши денеска со одигрувањето на сите натпревари од последното коло, по кои разочарани останаа фудбалерите на Ајакс.
Доскорешните шампиони не само што не ја одбранија титулата (нов првак е Феенорд), туку останаа и без место во Лигата на Шампионите откако не стигнаа ниту до второто место на табелата денеска губејќи од Твенте со 3-1. Во меч што многу потсетуваше на многу слични на Ајакс во оваа турбулентна сезона гигантот од Амстердам имаше водство од 0-1 по првото полувреме, но две грешки на стартот од второто полувреме донесоа предност и конечна победа на Твенте.
ПСВ Ајндховен е тимот што ќе ја заврши сезонава како второпласиран во Холандија, откако оваа екипа славеше со 1-2 на гостувањето против АЗ Алкмар во последното коло, со голот што во 98. минута го постигна Чави Симонс. Заминувањето на тренерот Ван Нистелрој неколку дена пред овој натпревар не остави трага врз настапот на ПСВ, кој стигна до нови бодови за печат на успешната сезона во која претходно стигна до трофеите во Купот на Холандија и во Суперкупот на Холандија.
Феенорд со шампионската титула си обезбеди и место во групната фаза од ЛШ, додека ПСВ ќе мора да игра квалификации за да стане дел од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

