Два гола на Осимен недоволни за триумф на Наполи

Виктор Осимен постигна два погодоци, но и тоа беше недоволно за Наполи да стигне до цел плен на гостувањето против Болоња. Актуелниот шампион има значителен пад во формата по осигурувањето на скудетото, што беше очигледен и на денешниот меч на кој тимот на нашиот Елиф Елмас имаше водство од 0-2, но потоа следеше пад на концентрацијата со што им беше дозволено на „болоњезите“ да се вратат во натпреварот и да стигнат до реми.

Осимен првиот гол го постигна по катастрофалната грешка на домашниот голман Скорупски, нигерискиот голгетер зголеми на 0-2 на стартот од второто полувреме, но Болоња со головите на Фергусон и на Де Силвестри стигна до реми на овој интересен натпревар.

Болоња во 97. миунта постигна и трет гол, но за среќа на „наполитанците“ тој погодок беше поништен поради минимален офсајд.

Монца и Лече одиграа неверојатен меч на кој гостите славеа со 0-1 и си го осигураа опстанокот во елитното друштво. Монца најпрвин не реализираше пенал, во 84. минута непрецизен од белата точка беше Гиткјер, за потоа Лече да добие идентична шанса во 101. минута, кога Коломбо со прецизен удар донесе огромна радост во гостинскиот табор.

Се вчитува...