Хајденхајм е големиот победник во супердраматичната завршница од последното коло во втората германска лига, откако оваа екипа со два гола во судиското продолжение славеше на гостувањето против Регенсбург, за победа од 2-3 која значеше и освојување на првото место на табелата.
Драматично беше во Сандхаузен, каде Хамбургер славеше со 0-1, а илјадници фанови на гостите влетаа на терен бидејќи Регенсбург во тој период имаше водство од 2-1 нд Сандхаузен, а гостите мораа да слават за да обезбедат влез во првата лига. И додека фановите беа на теренот, големиот ривал постигна два гола во Регенсбург, од пенал во 92. минута и потоа во 98. минута, за историски прв пласман на Хајденхајм во првата Бундес-лига.
Хамбургер го доби својот меч со минимални 0-1 со голот на Домпе во третата минута, но фудбалерите и навивачите на тимот од Хамбург на крајот максимално разочарани се враќаат дома.
Само за потсетување, промоција во првата лига од претходно обезбеди тимот на Дармштад. Од првата во втората германска лига летово се селат Херта и Шалке, додека во баражот за последното место во елитното друштво за натпреварувачката 2023/24 силите ќе ги одмерат Штутгарт и Хамбургер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

